Кошаркарите на Србија се пласираа на Мундобаскетот кој оваа година ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини. Избраниците на Светислав Пешиќ во салата „Александар Николиќ“ ја совладаа Велика Британија со 101:83 во одлучувачкиот меч во групата И.
Најефикасен во српскиот национален тим беше Алекса Аврамовиќ со 20 поени, Лука Митровиќ постигна 15, додека Огњен Добриќ 14. Кај Британците најдобар беше Квин Елис со 22 поени, Карл Витл имаше 16 поени.
Инаку комплетирани се сите учесници на Мундобаскетот. Дванаесетте репрезентации од Европа се: Црна Гора, Финска, Летонија, ФранцијаГрција, Словенија, Литванија, Шпанија, Италија, Германија, Грузија и Србија.
Мундобаскетот ќе се одигра од 25 август до 10 септември.
We’ve completed the set! ✅
ANG 🇦🇴
AUS 🇦🇺
BRA 🇧🇷
CAN 🇨🇦
CHN 🇨🇳
CIV 🇨🇮
CPV 🇨🇻
DOM 🇩🇴
EGY 🇪🇬
ESP 🇪🇸
FIN 🇫🇮
FRA 🇫🇷
GEO 🇬🇪
GER 🇩🇪
GRE 🇬🇷
IRI 🇮🇷
ITA 🇮🇹
JPN 🇯🇵
JOR 🇯🇴
LAT 🇱🇻
LBN 🇱🇧
LTU 🇱🇹
MEX 🇲🇽
MNE 🇲🇪
NZL 🇳🇿
PHI 🇵🇭
PUR 🇵🇷
SLO 🇸🇮
SRB 🇷🇸
SSD 🇸🇸
USA 🇺🇸
VEN 🇻🇪#FIBAWC x #WinForAll— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) February 27, 2023