Лацио ја совлада Сампдорија и им се приближи на Интер и Милан

100

Со голот на Луис Алберто екипата на Лацио ја совлада Сампдорија со 1:0 во 24.коло на Серија А. Трите бода ги однесоа момците на Маурицио Сари на четвртата позиција на табелата со поен помалку од вториот Интер и третиот Милан.

Бразилскиот интернационалец ја погоди мрежата на „морнарите“ во 80 минута и ја донесе 13-тата победа на Лацио сезонава.

Сампдорија е претпоследна со 11 бодови, осум помалку од првата екипа над опасната зона. Идното коло Лацио ќе му гостува на Наполи, додека Сампдорија ќе игра дома против Салернитана.

ПретходноСрбија го фати возот за Мундобаскетот, познати се сите учесници
СледноМилевски и Ристовски гласаа за победниците – Скалони и Меси