Милевски и Ристовски гласаа за победниците – Скалони и Меси

148

Лионел Скалони и Лео Меси беа прогласени за најдобри за 2022 година на церемонијата „The Best“ на ФИФА. Скалони е најдобар тренер, а Меси ја освои наградата за најдобар фудбалер.

Во изборот учествуваат селекторите и капитените на националните тимови, а македонскиот селектор Благоја Милевски во изборот за најдобар фудбалер гласаше за Лео Меси, на второ место го стави Килијан Мбапе, а трет Карим Бензема, додека во изборот за најдобар тренер на прво место го стави Лионел Скалони, зад него Дидие Дешамп, а како трет Карло Анчелоти.

Ристовски на својот список го стави Меси на врвот, зад него Лука Модриќ и Килијан Мбапе, додека во изборот за тренери – Скалони му беше прв, Анчелоти втор, а Гвардиола трет.

ПретходноЛацио ја совлада Сампдорија и им се приближи на Интер и Милан
СледноИсториски чекор на одбојкарскиот шампион: Струмица Никоб потпиша договор за соработка со полски гигант