Недановски пред дуелот со Партизан: Одиме на победа во Белград!

132

Ракометарите на Вардар ги дели само уште еден меч до заверка на првото место во групата во СЕХА лигата. А тој триумф ќе се бара утре во 18 часот во Белград на гостувањето кај Партизан. Во моментов Вардар е прв и тоа пред Татран и Партизан, со победа секако дека ќе се стави печат на првото место во група Б.

Во пресрет на овој меч свој коментар има Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Утрешниот меч ќе биде поразличен од оној во Скопје кога победивме. Партизан е млад тим кој игра подобро пред својата публика. И ние ја имавме таа поддршка од нашите фанови на мечот во Скопје. Не криеме дека одиме на победа во Белград. Ќе ни недостасуваат Милан Лазаревски и Борко Ристовски, а во Скопје остануваат и Андреј Добрковиќ и Марио Стојановски. Без разлика каде и против кого се игра, Вардар секогаш ја игра својата игра надополнета со некои нови работи“ изјави Недановски.

И ракометарот на Вардар, Ален Ќосевски имаше што да каже во пресрет на утрешното гостување кај Партизан:

Имавме сериозни анализи за овој натпревар. Секако дека одиме на победа во Белград. Треба да бидеме подобри во одбраната. Минатиот пат токму одбраната ни беше проблем. Формата сега е на подобро ниво, и поподготвени сме од првиот меч. Можно е Партизан да игра нешто поразлично, но ние сме подготвени за се што треба“.

ПретходноНапред Македонија: Пуштени билетите во продажба за ЕП во Скопје!
СледноПотврда и од клубот: Партизан има нов тренер!