Србија го фати возот за Мундобаскетот, познати се сите учесници

450

Кошаркарите на Србија се пласираа на Мундобаскетот кој оваа година ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини. Избраниците на Светислав Пешиќ во салата „Александар Николиќ“ ја совладаа Велика Британија со 101:83 во одлучувачкиот меч во групата И.

Најефикасен во српскиот национален тим беше Алекса Аврамовиќ со 20 поени, Лука Митровиќ постигна 15, додека Огњен Добриќ 14. Кај Британците најдобар беше Квин Елис со 22 поени, Карл Витл имаше 16 поени.

Инаку комплетирани се сите учесници на Мундобаскетот. Дванаесетте репрезентации од Европа се: Црна Гора, Финска, Летонија, ФранцијаГрција, Словенија, Литванија, Шпанија, Италија, Германија, Грузија и Србија.

Мундобаскетот ќе се одигра од 25 август до 10 септември.

ПретходноЛео Меси е најдобар фудбалер на светот според ФИФА
СледноЛацио ја совлада Сампдорија и им се приближи на Интер и Милан