Пелистер му се заблагодари на Валтер!

302
Пелистер во продолжение на сезоната ќе има нов тренер, откако од клубот потврдија дека е прекината соработката со Ларс Валтер. Данскиот стратег требаше да донесе многу подобри денови. Битолчани не успеаја да се пласираат во нокаут фазата во Европската лига, а во последно време ниту одблиску не наликува на сериозен претедент за титулата во домашниот шампионат.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер.
Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа. Во неговиот период Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и првпат играше на завршниот турнир на СЕХА Гаспром лигата.
Веруваме дека оваа одлука ќе предизвика реакција кај тимот во невралгичниот дел на сезоната. На Ларс му посакуваме многу успех во понатамошната кариера и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност како него.
На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја водат асистентите на Валтер, Божидар Мојсов и Ице Соколески, а од понеделник клубот ќе го именува новиот тренер“, се вели во известувањето на битолчани.
ПретходноСкандал кај дамите: Тимот на селекторот Ашаданов мамел со кошаркарки!
СледноПобедата во Сараево после долги години – го донесе голем скок на ФИБА ранг листата!