Големата победа на гостувањето во Сараево, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, против една од високо рангираните селекции, БиХ, ги донесе нашите најдобри кошаркарки на одличното 33 место во европскиот, односно на 67 место во вкупниот светски женски кошаркарски поредок.
Македонската женска репрезентација оствари скок од 13 места на светската рејтинг-листа која ја објави ФИБА. Ова е втор највисок напредок во изминатиот период која го направила една национална селекција во женски рамки.
Лидер во женската кошарка останува селекцијата на САД, пред Кина, Австралија, а во ТОП 5 ранкингот се уште и Шпанија и Канада.










