Скандал на вечното дерби: Виго и донесе победа на Ц. Звезда, а потоа “пукаше“ по “гробарите“! (ВИДЕО)

4311

Вообичаено кога станува збор за вечното дерби на Србија. Вечерва Ц. Звезда и Партизан го одиграа својот 169 меѓусебен дуел, во него победијa домашните со 1:0 и тоа со голот на Аргентинецот Алекс Виго уште во 5.минута кога упати центаршут, но топка доби неочекувано ефе и заврши во мрежата на Партизан.

Потоа се случи скандал. Аргентинецот истрча кон “гробарите“, фановите на гостите и ептен се покажа. Имено тој исценираше сцена како пука по нив.

Потоа дојде до официјално извинување од страна на Ц. Звезда до фановите на ривалот.

Секако дека по ова се разгореа страстите. Мечот траеше речиси два часа, имаше “бакљади“ доста често, имаше шанси и за 2:0 но и за 1:1, сепак на крајот славеше шамионот.

ПретходноНестварно: Роналдо и Ал Наср во 90+3. минута губеа со 0:1, на крај победија со 3:1! (ВИДЕО)
СледноПо голема драма и продолжение, ТФТ повторно го реши Работнички!