Драматична завршница на дерби дуелот меѓу ТФТ и Работнички во репризата од четвртфиналето во Купот на Македонија. Победник од оваа пресметка излезе ТФТ кој славеше со 92-89 по продолжение со рамките на 16 коло во Првата лига. За тимот од Тафталиџе ова беше 11 триумф, додека за најтрофејниот осми пораз.
Во самиот финиш при 78-80, Нотиџ направи фаул, Ташовски се најде на линијата за слободни фрлања, израмни на 80-80 на 12 секунди до крајот. Работнички не го искористи нападот, ТФТ исто така по украдената топка, не реализираше за голема радост, па мечот се решаваше во продолжение.
Во дополнителните пет минути, ТФТ повеќе се снајде. Зафиров постигна тројка за 88-86, по промашувањето на новото засилување Умпиг, Костоски зголеми на 90-86. Марковски со тројка ја врати надежта за триумф (90-89). За ТФТ остнаа девет секунди, Костоски стави печат на победата од линијата за слободни фрлања.
Костоски постигна 25 поени, зад него беше Батрик со 16. Кај Работнички, Џелетовиќ имаше 20 поени и 9 скока.










