Нова симултанка на Дончиќ – го надмина и Џордан (ВИДЕО)

0
ФОТО:x.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Сакраменто со 116:103 во натпревар од најсилната кошаркарска лига во светот. Ова беше седма победа за „езерџиите“ на деветтиот натпревар оваа сезона, а осми натпревар на кој незапирливиот Лука Дончиќ постигна повеќе од 35 поени.

Овојпат Словенецот застана на 40 поени, со одличен шутерски учинок. За три поени имаше 6/13, од линијата за слободни фрлања 12/13, а забележа и девет скока и седум асистенции.

Се чини дека Дончиќ игра кошарка на животот на почетокот од сезоната. Сега се најде рамо до рамо со најголемите имиња во историјата на овој спорт. Имено, тој е првиот кошаркар по Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен кој постигнал повеќе од 300 поени на првите осум натпревари од сезоната.

Вилт Чемберлен е недостижен и во оваа споредба со ѕвездите на НБА-лигата кои дојдоа по него. Во сезоната 1962/63, на првите осум натпревари постигнал неверојатни 418 поени.

Дончиќ беше во центарот на вниманието и поради ситуација која се случи на крајот од третата четвртина. Тогаш ѝ укажа на судијката Челси Пејнтер на навивач кој агресивно ја фрлил топката во нејзин правец. Таа не го забележала тоа, но Лука го видел инцидентот. Потоа му пристапил и му кажал нешто на навивачот на Сакраменто, кој седел покрај аут-линијата. Набргу потоа, обезбедувањето го изнело навивачот од салата.

Покрај Дончиќ, за победата на Лејкерс најзаслужен беше Остин Ривс со 21 поен. Вокер Кеслер додаде 15 поени.

ПретходноПетковски: Го исполнивме договореното, сега одиме по победа и во Грција