Далеку е Европа: МЗТ Скопје А. немоќен и во Варшава

0
фото: Fiba.basketball

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа нов убедлив пораз од 89:66 на гостувањето кај Џики Варшава, во петтото коло од ФИБА Европа купот. Полскиот состав ја искористи предноста на домашниот терен и стигна до сигурна победа, оставајќи го македонскиот тим со празни раце.

Во редовите на МЗТ, Адем Мекиќ беше најефикасен со 11 поени, три скока и две асистенции за нешто повеќе од 21 минута на паркетот. Ноа Фаракан и Емир Крајниќ постигнаа по девет поени.

„Металците“ не успеаја да му парираат на расположениот домаќин и натаму остануваат далеку од прв триумф во ова европско натпреварување.

ПретходноПОБЕДНИЧКИ СТАРТ: Македонија го демолираше Луксембург, следна е Грција (ФОТО)