ТФТ се враќа со нов убедлив пораз во АБА 2

0
фото: ABA 2

Кошаркарите на ТФТ Скопје претрпеа убедлив пораз од Херцеговац со 107:82, на гостувањето во Гајдобра, во натпревар од АБА 2-лигата. Домаќините уште во првата четвртина ја најавија високата победа, добивајќи ја со убедливи 32:17, а на полувремето имаа предност од 58:37.

ТФТ успеа да ја добие третата четвртина со 25:23, но тоа не беше доволно за да се врати во натпреварот. Во последните десет минути Херцеговац повторно беше подобар и со нови 26:20 ја потврди убедливата победа.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Секу Сила со 15 поени, а Страхил Николов постигна 13. По 10 поени забележаа Накавијон Вајт, Ален Луис и Тома Стојаноски.

ПретходноМладинска ЛШ: Хофенхајм покажа сила против Брера!