Охрид не издржа, Алкалоид се врати на третото место во плеј-офот!

250

Охрид и Алкалоид одиграа одличен натпревар во рамките на четвртото коло во плеј-офот. Победата отиде на контото на дебитантот, кој славеше со 26-32 благодарение на одличната игра во последните 15. минути. Охрид едноставно не можеше да го издржи силното темпо на противникот, физички беше инфериорен. За тимот на Алкалоид ова беше втора победа и со истата се искачи на третото место на табелата, го искористи киксот на Тиквеш.

Петров постигна пет гола, еден помалку имаа Ѓоргиев и Џонов. Во редовите на Охрид, Шешиќ запиша шест погодоци.

Домаќинот влезе со 4-1, оваа позитива од три гола ја држеше до 3-6, по што Алкалоид со серија од 7-0 поведе со 6-10. Сепак избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да ја задржат оваа предност, му дозволија на противникот да влезе во ритам и да поведе со 12-10. На одморот резултатот беше најреален 14-14, особено ако се земат пресвртите на двата тима.

Битката и тоа многу пожестока продолжи по одморот, Алкалоид успеа да дојде на плус два 15-17. Но, тоа не беше доволно за едно помирно чекорење кон триумфот. Резултатот се менуваше, Алкалоид уште еднаш поведе со плус два 19-21. Избраниците на Лазаров беа посвежи на стартот на втората половина од овој дел од мечот, физички беа далеку поподготвени, па со серија од 6-0 зголемија на 23-29 во 54. минута. Немаше време на другата страна за охриѓани за нешто повеќе.

ПретходноПо голема драма и продолжение, ТФТ повторно го реши Работнички!
СледноГарначо дебитира за Аргентина