Тензиите за време на „Ел Класико“ не изостанаа и на синоќешниот дуел во Мадрид. Тренерот на гостите, Чави, кој има жесток темперамент и бурни реакции за време на натпреварите, синоќа влезе во вербален конфликт со десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, при што двајцата си разменија навредливи зборови.
Како што регистрираа дел од медиумите, шпанскиот интернационалец веројатно испровоциран од зборовите на Чави кои му ги дофрлил по еден воздушен дуел со Балде, се сврте кон тренерот на Каталонците со зборовите: „не се прави многу паметен!“. Чави веднаш експлодира и почнал да го навредува со зборовите: „идиот, ти си идиот“.
Двајцата имаа и неколку заеднички дуели како фудбалери на „Ел Класико“ пресметките во времето кога Чави беше играч на Каталонците. Сепак, по мечот си подадоа рака.
‘Idiot, you’re an idiot’
Xavi Hernandez’s insults to Dani Carvajal during #ElClasico.pic.twitter.com/O5MmcSxwh4
— Football España (@footballespana_) March 3, 2023










