Не размислува за пензија: Рамос ќе продолжи со ПСЖ и следната сезона

160

За неколку недели Серхио Рамос ќе наполни 37 години, но Шпанецот сè уште не планира да ги „закачи копачките“.

Според францускиот спортски весник „Л’Екип“, Рамос е во напредни преговори со ПСЖ и доколку страните не избрзуваат со никаква одлука, Рамос ќе остане во ПСЖ и следната сезона.

Според информациите, агентот на Серхио Рамос се надева на нов договор за да може престојот во Париз да продолжи и по оваа сезона.Во ПСЖ се расположени да му понудат нова едногодишна соработка, која веројатно ќе се случи во скоро време.

Рамос дојде во ПСЖ во 2021 година по цели 16 години минати во Реал Мадрид.

ПретходноПерез подготвува „напад“ на Мбапе со сума од 220 милиони евра!
СледноФаворитите без проблеми во плеј-офот, Сушево беше на чекор до изненадување