Фаворитите без проблеми во плеј-офот, Сушево беше на чекор до изненадување

139

Вчера и завчера се комплетираше и петтото коло од натпреварите во втората фаза во домашното одбојкарско првенство за мажи.

Шампионот Струмица Никоб со максимални 3:0 славеше кај Весна Пробиштип, а фаворитската улога ја исполнија и Борец и Шкендија, кои исто така во оваа рунда дојдоа до максимални победи.

Најинтересно, сепак, беше на еден од двата меча во плеј-аутот. Сушево беше пред изненадувачки триумф на домашен терен против екипата на Универзитет во тетово, но иако поведе со 2:0 во сетови, тетовци успеаја да се вратат и да ги освојат следните три сета за победа.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (5.коло)

Весна Пробиштип – Струмица Никоб 0:3 (12:25, 18:25, 17:25)

ГОК Борец – Работнички 44&72 3:0 (25:20, 25:12, 25:18)

Лирија – Шкендија 0:3 (12:25, 9:25, 25:27)

Табела: Струмица Никоб 14-1, Шкендија 13-2, ГОК Борец 12-3, Работнички 8-7, Лирија 7-8, Весна Пробиштип 6-9.

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (5.коло)

Сушево 1978 – Универзитет во Тетово  2:3 (25:19, 25:17, 20:25, 14:25, 10:15)

Македонија Џио – Штип УГД 0:3 (11:25, 14:25, 14:25)

***Слободна е екипата на Петровец

Табела: Штип УГД 7-7, Универзитет во Тетово 7-7, Сушево 3-11, Петровец 2-12, Македонија Џио 1-13.

ПретходноНе размислува за пензија: Рамос ќе продолжи со ПСЖ и следната сезона
СледноЃорческа запрена во четвртфиналето на турнирот во Астана