Реал Мадрид ќе испрати понуда вредна цели 220 милиони евра за Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен во текот на летниот трансфер период. Веста денеска ја објави шпанскиот весник „АБЦ“.
Килијан Мбапе долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид минатата сезона, по што на францускиот напаѓач му истече договорот со ПСЖ. Иако медиумите објавија дека фудбалерот веќе се договорил со „Кралскиот клуб“ од Мадрид, ѕвездата на парижани реши да остане во француското првенство.
24-годишниот Мбапе оваа сезона одигра 29 натпревари за ПСЖ, постигна 29 гола и имаше седум асистенции. Актуелниот договор на напаѓачот со парижани е до јуни 2024 година.