Викендов стартува Ф1: Ферстапен по третата титула во серија! Имаат ли сила Ферари и Мерцедес?

219

Викендов со големата награда на Бахреин стартува новата сезона во најбрзиот “циркус“ во светот. Стартува “лудилото“ во Формула 1.

Ако некогаш се стартуваше во Австралија, сега веќе не е така. Во недела се вози ГН на Бахреин, а денеска се возат тренинзите како и утре онаа за пол – позицијата.

Макс Ферстапен и Ред Бул. Се е кажано. Ако во 2021 година до последниот круг не се знаеше кој ќе виде светски првак, Ферстапен или Хамилтон, во минатата сезона Холанѓанецот толку беше надмоќен што беше жал да го гледаш еден Леклер или Саинц и нивните Ферарија, а посебно оној на Мерцедес и возачот Хамилтон.

Image

Да се надеваме оваа сезона ќе биде далеку поинтересно, порамноправно, барем малку повеќе или повеќе од јасно е дека и натаму Ред Бул важи за најголем фаворит за титулата. Се разбира Перес и овојпат ќе му биде ривал на Ферстапен, иако возат заедно во Ред Бул, ако нема веќе никој друг.

Макс ќе оди по третата титула во серија, нешто што веќе се подразбира.

Во оваа нова сезона ќе “влеземе“ без екс светскиот првак Себастијан Фетел, еден од најдобрите возачи во историјата на Ф1.

Во новата сезона ќе има рекордни 23 трки, почнувјќи од Бахреин викендов па се до 26 ноември и ГН на Абу Даби.

Десет тимови и нивните 20 возачи ќе тргнат по престолот на кој сега е Макс Ферстапен.

Се разбира дека оваа сезона се очекува спектакл. Интересно е тоа што во последните 2-3 години овој спорт, оваа Ф1 е една од најгледаните спортски настани во светот.

Вистинско уживање, па ајде да уживаме во следните 8-9 месеци.

ПретходноБутел Скопје го сопре Тиквеш за прва плеј-оф победа!
СледноБлескав МЗТ Скопје, ФМП падна во тврдината „Јане Сандански“ (ФОТО)