Бутел Скопје го сопре Тиквеш за прва плеј-оф победа!

188

После три порази во низа во плеј-офот, Бутел Скопје конечно успеа да дојде до првата победа и тоа на сметка на залетаниот Тиквеш, на домашен терен го совлада со 28-24 во рамките на првиот меч од четвртото коло. На другата страна кавадарчани после реми и две победи, забележаа голем пад во играта.

Спасовски и Мајиќ со по осум гола беа лидери кај победникот, на другата страна Симиќ имаше исто толку погодоци.

Бутел изнеандувачки одигра неверојатно прво полувреме против Тиквеш. Никој не очекуваше дека домаќинот ќе успее лесно да дојде до голема позитива против избраниците на Данило Брестовац. Водството се менуваше постојано до 7-6, по што бутелци со серија од 6-0 поведоа со 12-6 во 17 минута, пред крајот на првото полувреме скопскиот состав имаше и плус седум (14-7).

После осум минути игра домаќинот зголеми на 22-26, на другата страна кавадарчани се обидуваа да се вратат во игра, со мини серија дојдоа на 24-20. Во последните пет минути притисокот беше голем врз Бутел Скопје, бидејќи гостите најдоа начин како да симнат на минус три 26-23. Сепак немаше време за целосен пресврт, на крајот бутелци заслужено се радуваа.

ПретходноБразилецот нема да игра во Минхен: Нејмар пак се повреди, и пак пред роденденот на својата сестра!
СледноВикендов стартува Ф1: Ферстапен по третата титула во серија! Имаат ли сила Ферари и Мерцедес?