Карло Анчелоти минатата сезона со Реал Мадрид бележеше одлични резултати, го освои трофејот во Лигата на шампиони и Ла Лига, но сега игра далеку поскромно. Токму неочекуваните резултати можат да го доведат под знак прашалник статусот на италијаснкиот стручњак. Мадридските медиуми пишуваат дека веќе на големо се подготвува кампања за заминување на Анчелоти. Тоа сигурно ќе се случи ако не освои трофеј.
„Односите помеѓу Анчелоти и играчите се сменија. Луѓето од клубот го туркаат надвор од клубот додека некои играчи веќе протестираат против неговите одлуки“, пишува Релево.
Посебно незадоволни се челниците на Реал Мадрид. Тие веќе се подготвени да дејствуваат, а меѓу нив е и претседателот на клубот Флорентино Перез.
Шефот бил бесен на Анчелоти по ремито со Атлетико Мадрид (1:1). Тој не е задоволен од тоа што Анчелоти многу комбинира иако побарал од тренерот секогаш да игра со најдобриот тим.
Челниците се свесни дека Фудбалскиот сојуз на Бразил сака Италијанец да биде селектор на репрезентацијата. Пундата во Реал би ја дочекале со радост, сакаат Анчелоти да си оди.
Легендарниот Италијанец кон крајот на минатата година беше поврзуван и со клупата на Бразил. Потоа објави дека нема никакви контакти.
„Мојата ситуација е јасна. Сè уште сум тука и никогаш нема да го оставам Реал Мадрид сам“, ова е изјавата на 63-годишниот италијански тренер пред извесно време.
Карло Анчелоти е еден од најуспешните тренери во светот. Четири пати ја освои Лигата на шампионите, како и првенството на Шпанија, Франција, Англија и Германија, што е навистина извонредно достигнување.
Во својата богата кариера, овој 63-годишен стручњак покрај во Реал Мадрид работеше и во вистински фудбалски гиганти и ги водеше Парма, Јувентус, Милан, ПСЖ, Баерн, Наполи.










