Со оглед на фактот што подолг период не сака да потпише нов договор, бразилецот Фирмино на лето дефинитивно ќе си замине од Ливерпул како слобден играч. Еден од најдобрите фудбалери на овој клуб изминатите години сезонава е далеку од преден план, па нормално е што 31. годишниот офанзивец бара нов предизвик. Тој е на Енфилд од 2015 година а пристигна од Хофенхајм за тогаш сериозни 41. милион фунти.
Оваа информација ексклузивно ја пренесе новинарот на Скај Спорт, Флориан Плетенберг, кој што директно разговарал со менаџерт на Редси, Јирген Клоп на оваа тема.










