Вечерва се одиграа четири натпревари од 26.коло во Евролигата, најквалитетното клупско европско натпреварување.
Секако дека вечерта ја одбележаа кошаркарите на Фенербахче кои со 104:72 славеа над Виртус Болоња. Едноставно си поигруваа со гостите од Италија.
Пјер со 20 поени беше најефикасен на средбата.
Реал Мадрид како гостин славеше со 71:75 над Лион – Вилербан.
Басконија дома убедливо го доби дуелот со Валенсија, на крајот на семафорот стоеше 114:75.
И во последниот вечерашен меч Милано со 83:62 го декласираше Олимпијакос.










