Мохамед Салах го собори рекордот на Роби Фаулер во дресот на Ливерпул по бројот на постигнати голови во Премиер лигата.
На денешниот дуел со Манчестер Јунајтед , кој „црвените“ го добија со историски 7:0, Салах постигна два гола, доаѓајќи до бројката од 129 гола за Ливерпул во Премиер лигата. Тој го собори клупскиот рекорд за најмногу постигнати голови во лигата кој досега го држеше уште една голема легенда на „црвените“, Роби Фаулер.
Напаѓачот на Ливерпул се израмни и со Алан Ширер по бројот на голови против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. И двајцата во кариерите постигнаа по 10 гола на средбите со „црвените ѓаволи“.
More Reds history written by @MoSalah 💫 pic.twitter.com/E6WZ0IEzT2
— Liverpool FC (@LFC) March 5, 2023