Футсал репрезентацијата ја совлада Шведска, па ќе го чека последното коло за второ место (ФОТО)

869

Нашата футсал репрезентација вечерва славеше со 3:1 против Шведска и и се реваншираше за поразот на гостински терен од 5:2. Во четвртиот настап во квалификациите, момците на Васко Скендеровски дојдоа до голема победа, со кој ги задржуваат шансите за место во финалната фаза од квалификациите.

Во првиот дел од мечот не видовме погодок, но во вториот дел стигна победата. На самиот старт на вториот дел со голот на Ранготов, Македонија поведе со 1:0, а пет минути подоцна веќе погоди и за 2:0.

Шведска намали на 2:1 со голот на Диаз во 30. минута, а Леовски во 39. минута ги постави конечните 3:1. Со оваа победа Македонија се најде на второто место со 4 бода, зад Италија која е лидер со 7 бода. Одлучувачки ќе биде последниот натпревар во групата меѓу Италија и Шведска, каде Македонија ќе навива за „аѕурите“ кои со победа ќе не остават на втората позиција.

Претходно129: Салах урна рекорд на Фаулер и испиша историја за Ливерпул
СледноПрвпат во историјата Барса победи со 1:0 на осум меча во Ла Лига