Интересно беше вечерва во рамките на 12.коло во Евролигата. Македонските репрезентативци, Мозес Рајт и Ти-Џеј Шортс се радуваа на победи на своите Милано и Валенсија против српските гиганти Ц.Звезда и Партизан.
Рајт заедно со својот Милано како домаќин, славеше против Ц.Звезда со 91:77, а тој сам запиша 10 поени, 5 скокови и една асистенција.
Шортс како гостин со својата Валенсија славеше во Белград кај Партизан со 64:76 во меч во кој запиша 12 поени, 6 скокови две асистенции.
На останатите мечеви, кои се одиграа нешто подоцна вечерва, се постигнаа следните резултати:
Фенербахче – Асвел 115:81, Жалгирис – Баерн 117:114 по продолженија, Барселона – Париз 86:89, Басконија – Хапоел Тел Авив 82:85.










