Сензација: Романија на Пасквал загуби од Фарски Острови

282

Третото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година донесе интересни резултати, а засега најголемата сензација и припаѓа на репрезентацијата на Фарски Острови. Оваа земја на домашен терен ја совлада Романија предводена од Чави Пасквал со 28-26.

За Фарски Острови ова беше прва победа во квалификациите, до истата дојде заслужено, особено ако се земе во предвид неверојатната игра во првото полувреме кое го доби со 15-9. Романија го запиша вториот пораз во овие квалификации, откако претходно беше совладана од Австрија.

На останатите средби Босна го совлада Косово со 22-25, Грција беше подобра од Белгија со 24-26, додека Чешка го совлада Исланд со 22-17.

ПретходноМакедонија остана без место во главните квалификации за СП во футсал
СледноБаерн ќе му го врати Кансело на Сити: Играчот добро тргна но потоа тотално разочара