Македонија остана без место во главните квалификации за СП во футсал

428

Футсал репрезентацијата на Македонија одигра добри квалификации меѓутоа недоволно за пласман во баражот за главните квалификации за Светското првенство. Победата над Шведска на домашен терен го крена мотивот, а ни беше потребно вечерва Италија како фаворит да ги совлада Швеѓаните.

Сепак, тоа не се случи. Шведска одигра одлично на домашен терен и ремизираше 7-7 против „Аѕурите“, а тоа значеше крај на настапите на македонската футсал репрезентција во овие квалификации за СП.

Во групата 10, Италија го освои првото место со 8 бода, Шведска е втора со 4, а Македонија последна исто така со четири бода но послаб меѓусебен скор со Швеѓаните.
Македонија заврши со една победа и едно реми (со Италија 3:3).

ПретходноДуро: Оваа победа ни ја обнови самодовербата, задоволен сум од тоа како одигравме
СледноСензација: Романија на Пасквал загуби од Фарски Острови