Како во времето на Џаро: Битка за титула во Македонија со 75:1 и 2:64

5385

Во рубриката „Ова го има само кај нас“, или пак “Македонска работа“ дефинитивно оди и следниот пример кој директно дава одговор на вечното прашање кое ни се провлекува со децении кога станува збор за спортот во Македонија. „Зошто не не бива?“… еве зошто.

Во ек е футсал сезоната во Македонија која што често знае да биде исклучително интересна и неизвесна до последно коло. Така е и сезонава во која што за титула се борат екипите на Арбен Бајрами односно КМФ Проект. Имаат ист број на бодови и ќе биде неизвесно до крајот.

Во редовното коло одиграно вчера двата тима имаа за задача да победат, против екипите на Јувентус Серава односно Енхалон.

И тоа го сторија на „нај македонскиот“ можен начин. Во стилот на легендарниот Велибор Џаровски Џаро и неговите „двеста – нула“ на времето само за да се „билда“ гол разликата.

Аребн Бајрами го победил својот локален ривал Јувентус Серава, со неверојатни, смешни и на крајот секако од спортски и фер плеј аспект разочарувачки 75:1, но и КМФ Проект не остана покус па „терал“ против Енхалон до 62 гола. За волја на вистината дозволил да прими и два гола, можеби клучни за титулата на крајот на сезоната, којзнае.

Дали овие два меча ќе бидат регуларно регистрирани или не Спортмедиа се прашува, но што и да се случи ова е класичен пример на аматеризам, и однесување во стилот „ќе правам што ќе ми текне“….

 

ПретходноДончиќ со силна порака на маицата: Се што ми треба е суво месо и ракија
СледноСелекторот слави роденден, победничка низа како подарок