По хаосот кој се случи на последното ракометно дерби помеѓу РК Вардар и РК Пелистер одиграно во Скопје, поточно во салата Јане Сандански, дел од навивачката група Комити доби прекршочни пријави и казни поради своето однесување. Истото се знае зошто и се случи, јавноста во детали го обработи инцидентот кој се случи помеѓу двете навивачки групи, а епилогот беа и казните наменети за поединци.
Сепак, Комити кои во моментов фукционираат можеби најдобро во својата историја, решија по брза постапка да ги платат паричните казни за своите членови и со тоа да покажат сплотеност како група.