Репрезентацијата е 25% од Работнички

1655

Дека ФК Работнички низ годините дала многу младински, а потоа и сениорски репрезентативци не е никаква тајна. Дека клубот од Дебар Маало негува екстра младинска школа е општо познато и функционирањето на Работнички се базира врз производот на младинските категории.

Ова е факт кој се рефлектира долги години во младинските има влијание и во сениорската репрезентација, и кој вели дека во моментов 25% од активните репрезентативци се производ на школата на ФК Работнички.

На чело секако тоа е Елиф Емлас, а следуваат Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Дарко Чурлинов, Дамјан Шишковски…. и ред други кои се стандардни или повремени претставници на Македонија во моментов.

Работнички е во тоа елитно европско клупско друштво од типот на Динамо Тбилиси, кој во репрезентација на Грузија има 54% од играчите кои биле дел од неговата младинска школа, Шахтјор Доњецк кој зема учевство во репрезентацијата на Украина со преку 40%…..

 

ПретходноСтефан Ристовски трет пат дел од тимот на „Trofej Nogometaš“
СледноКомити ги платија казните на своите членови