Бонавентура го „реши“ Интер, Лукаку се изрезили како никогаш досега (видео)

268

Со голот на Џакомо Бонавентура во 53 минута, екипата на Фиорентина го совлада Интер на „Меаца“ и со тоа ја продолжи одличната серија на резултати, а на „нероаѕурите“ им го загрози и второто место.

„Нероаѕурите“ го запишаа третиот пораз по ред по  оние од Специја и од Јувентус и е на третото место на табелата со 50 бодови, два помалку од второпласираниот Лацио и 21 од лидерот Наполи кои имаат и меч помалку.

Мечот го одбележа и епско промашување на Ромелу Лукаку. Белгиецот реализираше хет-трик на меч за националниот тим пред неколку денови, а сега го имаше еден од најлошите потези во кариерата (ВИДЕО).

Фиорентина игра добро во последно време, а ова им е петта победа по ред (11 севкупно) сезонава во Серија А, а ја држи осмата позиција.

ПретходноПрво падна, па му се запали моторот но стигна до пол позицијата на ГП на Аргентина
СледноКузмановски постигна 5 гола, но го загуби дербито за опстанок во Бундеслигата