Нови главоболки за Артета: Се повредија Вајт и Калафиори

131

Арсенал се соочи со нови проблеми со повреди по триумфот над Виган со 4-0 во ФА Купот. На листата на повредени се додадени и дефанзивците Бен Вајт и Рикардо Калафиори.

Се очекуваше Калафиори да започне како стартер на мечот со Виган, но се повреди за време на загревањето пред натпреварот, додека Вајт го напушти теренот десет минути пред последниот свиреж на судијата.

Главниот тренер Микел Артета изјави дека конечната состојба на играчите ќе биде позната во следните 48 часа. Покрај тоа, натпреварот го пропушти и Мартин Одегард, кој сè уште се опоравува од повредата здобиена на натпреварот против Брентфорд.

ПретходноДали е можно Вардар да остане без Хориха?
СледноХрабрата Џирона ја порази Барса, Реал е нов лидер во Примера