ТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Тео ФАНТАСТИКО!

0

Маестрална партија и победа на Тиквеш со 0:3 на Арената во Скопје и тоа на гости кај шампионот. Цел тим на кавадарчани одигра маестрално, ама сепак младиот Теодор Николовски беше фантастичен, и не само поради третиот гол со кој стави крај на мизеријата на Вардар, туку поради се она што го прикажа на теренот. Токму затоа “СпортСпорт“ го избра Тео за играч на ова 14.коло.

Покрај него од тимот на Тиквеш во идеалните единаесетмина за ова коло се и Стевковски, Ренатињо, Рамадани, Камара и Лусианињо. Во тимот на колото се и Кола, Алији и Радески од Струга ТЛ, како и Мурати од Башкими и Гордиќ од Скопје.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ТЕОДОР НИКОЛОВСКИ

Тим: Тиквеш

Роден: 19.11.2005 во Крива Паланка

Кариера: Работнички, Осогово, Работнички, Тиквеш

ПретходноЦрвениот картон и суспензијата на Јоро веќе не важат