Германскиот репрезентативец се сели во седумкратниот италијански првак

467

Новиот германски репрезентативец Никлас Филкруг (30) игра во прекрасна форма и сигурно на лето ќе има бројни понуди на своја адреса. Тој реализираше 15 голови во 26 првенствени натпревари за Вердер и поради тоа доби повик за настап во германскиот национален тим, прво на СП во Катар, а до сега запиша шест настапи и постигна исто толку голови.
Па така пазарната цена од 1,5 милиони му скокна на 13 милиони евра. Интересот порасна за овој напаѓач, а според тврдењата на Џанлука Ди Марцио, око на Филкруг фрлил Торино. За сега нема детални информации, освен дека седумкратниот првак на Италија го сака Германецот како замена за Антонио Санабрија кој ќе си замине по завршување на сезоната.
„Тоа што сигурно можеме да го потврдиме е дека ќе мора да продаваме во текот на летниот преоден рок“, изјави неодамна спортскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц.

ПретходноПотер веднаш добил понуда од Лестер, но ја одбил
СледноЖестока битка, два црвени картони и по бод за Евертон и Тотенхем (ВИДЕО)