Жестока битка, два црвени картони и по бод за Евертон и Тотенхем (ВИДЕО)

125

Во последниот натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига, Евертон освои голем бод на домашен терен во дуелот со Тотенхем. Натпреварот на „Гудисон Парк“ заврши со резултат 1:1, а беше исклучително важен за двете екипи.

Средбата мина во голема борба и конфронтации меѓу играчите на двата тима. Во 58. минута Абдулај Дукур го удри по лицето Хари Кејн, кој падна како покосен, а играчот од средниот ред на Евертон мораше да оди во соблекувалната бидејќи доби директен црвен картон. Подоцна еден директен црвен картон добија и гостите.

Кејн погоди за водство на гостите со гол од пенал додека Мајкл Кин го спаси Евертон од пораз со проектилот во мрежата на 90. минута.

ПретходноГерманскиот репрезентативец се сели во седумкратниот италијански првак
СледноСтоле одличен, Рајо со бод од „Местаља“ (ВИДЕО)