Потер веднаш добил понуда од Лестер, но ја одбил

263

Само неколку часа откако Лестер го отпушти Брендан Роџерс, Челзи му врачи отказ на Грем Потер. Причина се лошите резултати и неможноста да се воспостави константност во резултатите.

Според договорот, Потер на клупата на Челзи требаше да заработува по 12 милиони фунти годишно. Клаузулата во договорот за предвремен раскин значи и обесштетување од 50 милиони фунти.

Сепак, Челзи нема да му ја исплати оваа сума на сега веќе поранешниот тренер бидејќи двете страни спогодбено се договорија таа сум да биде помала. Така Потер ќе добие компензација за отказот од 21,5 милиони фунти.

Во меѓувреме Лестер го побарал токму Потер за нивен менаџер меѓутоа добил корпа. „Лисиците“ кои се борат за опстанок бараат решение за излез од кризата, а светлото го виделе во поранешниот тренер на Брајтон.
Сепак, Потер ги одбил со образложение дека сака да одмори до крајот на сезоната, а потоа ќе размислува за нов ангажман.

Претходно„Штрковите“ имаа само полесен тренинг против Кожув
СледноГерманскиот репрезентативец се сели во седумкратниот италијански првак