Во последниот натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига, Евертон освои голем бод на домашен терен во дуелот со Тотенхем. Натпреварот на „Гудисон Парк“ заврши со резултат 1:1, а беше исклучително важен за двете екипи.
Средбата мина во голема борба и конфронтации меѓу играчите на двата тима. Во 58. минута Абдулај Дукур го удри по лицето Хари Кејн, кој падна како покосен, а играчот од средниот ред на Евертон мораше да оди во соблекувалната бидејќи доби директен црвен картон. Подоцна еден директен црвен картон добија и гостите.
Кејн погоди за водство на гостите со гол од пенал додека Мајкл Кин го спаси Евертон од пораз со проектилот во мрежата на 90. минута.