Калин стартуваше со победа во Дубровник, Ѓорческа елиминирана во Сплит

76

Македонскиот тенисер Калин Ивановски имаше успешен настап во двојки на ИТФ турнирот во Дубровник. Во осминафиналето, Македонецот со својот партнер Лука Микрут ја победија украинско-полската двојка Дудун-Мичоски со 2-0 во сетови и се пласираа понатаму.

Во следната рунда за противници ќе ги имаат хрватското дуо Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.

А македонската тенисерка Лина Ѓорческа немаше успешен старт на ИТФ турнирот во Сплит. Во првото коло таа се падна да игра против фаворитката за трофејот на турнирот Тара Вурт и ги загуби двата сета. Во првиот Ѓорческа освои само три гема, а во вториот беше подобра се играше и тај-брејк, за на крајот да се радува противничката.

ПретходноМедведев: Еден трофеј го користам како вазна за цвеќе
СледноПети: Лео би му порачал да си оди што поскоро од ПСЖ