ПСЖ викендов беше поразен од Лион, а навивачите не го кријат разочарувањето. Лионел Меси повторно беше исвиркан, а се повеќе се шпекулира за заминување на главниот тренер Криштоф Галтие.
Француските медиуми пренесуваат дека Галтие бил викнат на состанок во управата и добил ултиматум од раководството дека мора да слави на следните два натпревари или во спротивно да си бара нова работа.
Станува збор за средбите против Ница и Ленс, кои воопшто не се наивни ривали. Ница е на осмото место, а Ленс на второто место во Лига 1 и ќе биде голема мисија за Галтие да ги убеди своите играчи дека мора сериозно да пристапат и да им се вратат на победите.
ПСЖ има шест бода предност пред Ленс на табелата, а челниците на парижани се свесни дека немаат право на нови киксови.










