Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, официјално доби двајца противкандидати кои сакаат да стават крај на неговото повеќе од децениско владеење на чело на светската фудбалска куќа.
Филип Дијало од Франција и Козо Ташима од Јапонија го испочитуваа рокот, кој истече на полноќ по средноевропско време, и во седиштето на ФИФА во Цирих ги поднесоа своите кандидатури, заедно со писма за поддршка од пет национални фудбалски федерации, соопшти денеска ФИФА.
Изборите, на кои ќе гласаат 211 членки на ФИФА, ќе се одржат на 18 март во Рабат, главниот град на Мароко.
Критичарите на Инфантино, предводени од Европската фудбалска унија (УЕФА), се обидуваат да го сменат откако во јули беше откриен неговиот план за продажба на удел во приходите од Светското првенство на приватни инвеститори. По острите реакции во јавноста, тој се откажа од тој проект.
„Кандидатурите се проследени до Изборната комисија за разгледување и донесување одлука за прифаќање на кандидатите“, се наведува во соопштението на ФИФА.










