Вардар игра против Војводина во четвртфиналето на СЕХА лигата, а победникот од овој дуел ќе игра на завршниот турнир. Вардар по трите натпревари за шест дена во домашното првенство ќе игра во регионалната лига. Мечот е закажан за 6 април во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Војводина сезонава има засилен состав со неколку интернационалнци а најпознатите засилувања за Белорусинот Барис Пуховски и Тунижанецот Аиди Мохамед Азиз. Двајцата играат на позицијата на лев бек.Тука е и хрватскиот голман Фран Лучин и Словенецот Грегор Оцвирк.
„Важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не размислуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот поразот во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратите на старите победнички патеки.
Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурфарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим.
Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути.
Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари и во првенствпо, куп и СЕХА лигата.
Немаме многу време за подготовки, но секој момент се користи за задржување на високата форма. Тешко е да издржи ритамот на 3 меча за 6 дена. Кој ќе го издржи тој ритам ќе се радува на крајот од сезоната“, изјави тренерот Владо Недановски.
А Гоце Георгиевски исто така вели дека нема време за тагување, туку фокусот веднаш да се насочи на овој меч.
„После еден тежок период со многу мечеви доаѓа и овој со Војводина. Нема време за тагување и размислување. Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искуни играчи. Од лани се многу поквалиттени. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика, и да мислиме после на вториот. Кога се брка резултат е потешко. А имаме и повеќе време за одмор, бидејќи не треба да патуваме.
Сега распоредот е згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички, но со главите да бидеме во мечот, нема право на грешки повеќе.
Имаат добра бековска линија. Пуховски знае добри да соработува со пивотменот. Имаат транзиција добра, и ние треба подобро да се враќаме во одбрана. Затоа нашата одбрана ќе биде на испит и ќе треба добро да одиграме тука, за да можеме после во напад да дадеме гол“, изјави македонскиот репрезентативец.










