Пелистер славеше на првата четвртфинална пресметка во СЕХА-лига, откако на домашен терен го совлада Татаран Прешов. со 37-29 Реваншот е за шест дена на гостински.
Урбан Лесјак беше на ниво на задачата, запиша 11 одбрани. Во нападот незапирливи беа Костески и Хенеберг, првиот постигна десет гола, додека вториот осум гола.
Битолчани во голем дел од првото полувреме доминираа, отворија со 8-3, па со 12-7. По голот на гостите за 12-8, со серија од три гола поведе со плус седум 15-8. Избраниците на Александар Јовиќ држеа ритам, со плус седум поведоа уште еднаш 17-10. Сепак противникот не се даваше лесно, па на одморот намали на 20-17.
Оваа разврска како да им даде сила на Татран, во вториот дел работите на теренот во еден момент станаа поинакви. Пред почетокот на последните десет минути гостинскиот состав намали на 28-17. Костески, Хенебер и Кисум ја вратија контролата и водство од шест гола 33-27. Тука битолчани фатија залет, во 59 минута позитивата изнесуваше девет гола (37-28). На другата страна гостите успеаја да намалат само на 37-29 пред реваншот на домашен терен.