Македонскиот тенисер Калин Ивановски имаше успешен настап во двојки на ИТФ турнирот во Дубровник. Во осминафиналето, Македонецот со својот партнер Лука Микрут ја победија украинско-полската двојка Дудун-Мичоски со 2-0 во сетови и се пласираа понатаму.
Во следната рунда за противници ќе ги имаат хрватското дуо Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.
А македонската тенисерка Лина Ѓорческа немаше успешен старт на ИТФ турнирот во Сплит. Во првото коло таа се падна да игра против фаворитката за трофејот на турнирот Тара Вурт и ги загуби двата сета. Во првиот Ѓорческа освои само три гема, а во вториот беше подобра се играше и тај-брејк, за на крајот да се радува противничката.










