ПСЖ со ултиматум за Галтие: Или две победи или пакувај се!

134

ПСЖ викендов беше поразен од Лион, а навивачите не го кријат разочарувањето. Лионел Меси повторно беше исвиркан, а се повеќе се шпекулира за заминување на главниот тренер Криштоф Галтие.

Француските медиуми пренесуваат дека Галтие бил викнат на состанок во управата и добил ултиматум од раководството дека мора да слави на следните два натпревари или во спротивно да си бара нова работа.

Станува збор за средбите против Ница и Ленс, кои воопшто не се наивни ривали. Ница е на осмото место, а Ленс на второто место во Лига 1 и ќе биде голема мисија за Галтие да ги убеди своите играчи дека мора сериозно да пристапат и да им се вратат на победите.

ПСЖ има шест бода предност пред Ленс на табелата, а челниците на парижани се свесни дека немаат право на нови киксови.

ПретходноАнчелоти пред реваншот со Барса: Бескорисно е ако дадеме гол во петтата минута, а потоа примиме два
СледноРепрезентативец на БиХ суспендиран на четири години