Динамо Загреб за кого настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски ќе добие нов тренер, откако раководството на „модрите“ го разреши Анте Чачиќ.
Поразот (2-1) од Шибеник во полуфиналето на Купот беше пресуден за отказот на сега веќе екс-стратегот на Динамо.
Чачиќ на крајот од минатата сезона се врати во Динамо и без проблем го предводеше загрепскиот клуб до шампионската титула. Од стартот на 2023 година Динамо беше во голем пад, па прво Хајдук ја намали предноста во лигата, а потоа и Шибеник сензационално го исфрли од Купот.
Неодамна 69-годишниот Чачиќ потпиша нов договор до крајот на следната сезона, а според него тој моментов има право на отпремнина од 1,7 милиони евра. Секако, Чачиќ и Динамо можат да се договорат за помала сума.