Навивачите на Барселона во 10. минута од „Ел Класико“ покажаа што мислат за Меси (ВИДЕО)

392

Барселона не успеа да го добие новото „Ел Класико“, пред своите навивачи беше совладана од Реал Мадрид со убедливи 4-0 и беше елиминирана од Купот.

Во десетата минута од оваа средба се случија неверојатни сцени. Навивачите на каталонскиот гигант го скандираа името на Лионел Меси, кој стана икона на овој тим. Веќе долго време се шпекулира дека Аргентинецот ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот на оваа сезона, а една од дестинациите каде што може да се врати е токму Барселона.

Ако се прашуваат фановите, вратите се широко отворени.

ФОТО: Барселона/Твитер

ПретходноДинамо Загреб го разреши Чачиќ, кој пак ќе добие „дебела“ отпремнина!
СледноДончиќ го постигна најлудиот кош во кариерата кој не беше признат (ВИДЕО)