Марка: Анчелоти пред да ја демолира Барса им кажал само две реченици на играчите!

4225

Пред неколку дена Реал Мадрид во најдобар можен стил се пласираше во финалето на Купот на кралот каде ќе игра против Осасуна. Со победата од 4:0 над Барселона на „Камп Ноу“ ја надополни негативата од 0:1 на „Бернабеу“.

Шпанска Марка пишува за тоа како со едноставен, но јасен и ефективен говор Карло Анчелоти успеал да го мотивира тимот да го одигра натпреварот на сезоната.

„Тие не беа подобри од нас ниту на првиот меч на Бернабеу ниту на првенствениот натпревар овде (во Барселона). Не заслуживме да загубиме и ќе покажете го тоа сега“, се зборовите на искусниот стратег. 

Тој успеа да „испровоцира“ одлична партија на Бензема, што пак е најголемата победа на Анчелоти која може да се покаже како клучна во нападот на новата Лига на шампиони, пишува „Марка“.

ФОТО: Реал Мадрид/Твитер

Претходно„Моите играчи го гледале Вардар само на телевизија, не знаеја каде е лево, а каде е десно“
СледноОд НБА-лига право во војска!