„Моите играчи го гледале Вардар само на телевизија, не знаеја каде е лево, а каде е десно“

781

Војводина во Скопје дојде со младински тим, што пак го отслика и крајниот триумф на Вардар 1961 во првата четвртфинална пресметка во СЕХА-лига од 13 гола разлика (38-25).

Тренерот на тимот од Нови Сад  Драган Кукиќ потенцира дека приоритет е домашното првенство и полуфиналето на Европскиот куп, а на СЕХА лигата. На теренот младите ракометари биле импресионирани, бидејќи претходно Вардар го гледале само на ТВ, затоа и биле збунети. „Дојдовме во Скопје со момци родени во 2006, 2007, 2004… Се се тоа младинци кои големиот Вардар го гледале само на телевизија. И оваа убава арена ја виделе само на ТВ, а сега ете се најдоа тука и добар дел од нив беа навистина збунети. Видоа како се сака клубот, и доаѓа публика и против ваков противник како што сме ние и му даваат поддршка на својот Вардар. Младите од нашиот тим едноставно во тој момент не знаеа каде се наоѓаат, жаргонски кажано, не знаеја каде е лево, каде е десно. Но не можам да им забележам бидејќи ова за нив е нешто ново. Ние свесно дојдовме подмладени затоа што приоритет ни се првенството и полуфиналето на Европскиот куп, а немаме толку сили за три фронта“, изјави Кукиќ по натпреварот.

Претходно„Клоп ме праша дали сакам да дојдам во Ливерпул, почнав да се смеам“
СледноМарка: Анчелоти пред да ја демолира Барса им кажал само две реченици на играчите!