Од НБА-лига право во војска!

287

Финскиот кошаркар Лаури Марканен оваа сезона доминира во НБА, а по завршувањето на истата планира да и се приклучи на војската. Додека просечно бележи 25,6 поени и 8,6 скока по натпревар, тој веќе одлучи да ги започне подготовките за воената база.

Во Финска, воениот рок е задолжителен за сите мажи и тие треба да служат до 30-годишна возраст.

„Да, тоа е задолжително, но во исто време тоа е нешто со кое сите сме горди. Така даваме добар пример за сите и јас ќе го направам тоа. Уверен сум дека можам да го направам тоа на начин на кој нема да влијае на моите подготовки за следната сезона“, изјави Марканен за ESPN.

Тоа планира да го направи во следниот период или за неколку недели или во јули. Тој ќе се јави во базата во Хелсинки. Сакаше да го направи тоа минатата година, но влезе во плеј-ин со Кливленд и реши да се одложи.

„Секако дека би сакал да ги правам вежбите и работите што вообичаено ги правам пред почетокот на новата сезона. Сепак, слушнав дека таму нашле добар начин да ги спојат тие две работи, за да можам да се подготвам за спортскиот дел и да ја направат целата таа основна обука што ја бараат“, рече Марканен

ПретходноМарка: Анчелоти пред да ја демолира Барса им кажал само две реченици на играчите!
СледноМЗТ Скопје гостин на Сплит: Немаме право на кикс, само со борбена игра ќе го освоиме Сплит!