„Клоп ме праша дали сакам да дојдам во Ливерпул, почнав да се смеам“

2337

Роберт Левандвоски оваа сезона игра во одлична форма. 34-годишниот полски напаѓач има постигнато 27 гола на 35 натпревари во сите натпреварувања за Барселона, која ја води до нова шпанска титула. Тој во интервју за германски Билд откри дека имал многу понуди додека бил во Баерн, а една од најконкретните била од Ливерпул.

„Имаше пријателски натпревар помеѓу Ливерпул и Баерн во 2017 година. Разговарав со Клоп во таа прилика. Потоа тој ме праша: Дали сакаш да дојдеш во Ливерпул?. Го погледнав и само почнав да се смеам. Не сум сигурен дали тоа беше сериозно и зрело, но одењето во Ливерпул никогаш не беше во мојот план“, рече тој.

Тој исто така додаде дека е многу изненаден од сето она што се случува во неговиот Баерн околу смената на тренерот.

„Не знам зошто го отпуштија Нагелсман, не можам да разберам, играа многу добро во Лигата на шампионите. Не толку во првенството, но имаа реални шанси да ја освојат титулата. Тухел? Тактички одличен тренер, може да им донесе препознатлив стил и многу трофеи“, заклучи тој.

ПретходноДенвер без Јокиќ и останатите ѕвезди го мачеше супер-тимот на Дурент (ВИДЕО)
Следно„Моите играчи го гледале Вардар само на телевизија, не знаеја каде е лево, а каде е десно“